Нови амбулантни возила за Итната медицинска помош

ЈЗУ Здравствен дом Велес е дел од проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила. Ова е значаен чекор кон унапредување на Итната медицинска помош, подобрување на условите за работа на здравствените работници и побрза, поефикасна грижа за пациентите.

Инвестираме во здравството, затоа што здравјето на граѓаните е наш приоритет!

Eвропска недела на имунизација

Секоја година на крајот на април се одбележува Европската недела на имунизација, за да се потсетиме дека вакцините делуваат, спасуваат животи, ги штитат сите генерации и се бенефит за целото општесто. Токму затоа овогодишното мото на Европската недела на имунизација, која се одбележува од 19 до 25 април, е „Вакцините делуваат – за секоја генерација“. По тој повод мобилните екипи на ЈЗУ Здравствен дом Велес излегоа на терен и преку директен контакт со родителите, наставниците, децата ја промовираа вакцинацијата како сигурен и безбеден начин на превенција од заразни болести. Едукативни разговори, делење на промотивен материјал, пронаоѓање на досега неевидентирани во системот деца и нивна вакцинација – се дел од активностите, кои се реализираат од превентивните служби на установата. Оваа година акцентот е поставен на теренските активности како во градот, така и на подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско.

Упатуваме повик до сите родители, кои се двоумат, се плашат, не знаат како правилно да постапат во врска со имунизацијата на своите деца, да ги посетат превентивните служби на ЈЗУ Здравствен дом-Велес каде ќе најдат одговори на сите прашања!

Соработка со ОУРЦ ,,Маца Овчарова”

По повод денот на здравјето 7ми Април во службата за превентивна здравствена заштита за училишни деца имавме посета на група ученици и одговорни наставници од ОУРЦ ,,Маца Овчарова ” – Велес согласно програмата Грижа за здравје и лична хигиена.

7ми Април-Ден на здравјето

Здравјето е најголемото богатство кое го имаме.Грижата за себе и за другите започнува со мали,но значајни чекори-здрава исхрана,физичка активност,редовни контроли и навремена медицинска грижа.Нашата мисија е секојдневно да бидеме тука за вас-со посветеност,професионалност и хуманост.Заедно да изградиме поздрава заедница каде секој има пристап до квалитетна здравствена заштита.Да го чуваме здравјето-денес,утре и секој ден.

Честит ден на здравјето 7ми Април, Ви посакува ЈЗУ Здравствен дом-Велес

Благодарница

Благодарница од Владата на Република Македонија на ЈЗУ Здравствен дом Велес,Служба за итна медицинска помош со домашно лекување,посветено на вработените кои тој ден несебично,хумано и пожртвувано дадоа се од себе за спасување на повредените по трагедијата во Кочани.

Никогаш да не се повтори.

Среќна Нова година

По повод Новата година, ЈЗУ Здравствен дом Велес упатува искрени честитки до своите пациенти,соработници и вработени.

Ви посакуваме добро здравје,мир, лична и семејна среќа, како и успех и напредок во годината што доаѓа.

Ви благодариме за довербата,соработката и посветеноста. Со заеднички сили, нека продолжиме да градиме похумано и поквалитетно здравство

Со почит ЈЗУ Здравствен дом Велес

Новогодишна магија

Како и секоја измината година така и оваа, развојното советувалиште организираше настан на кои беа доделени новогодишни пакетчиња за дечиња кои посетуваат развојни третмани. Донацијата на новогодишните пакетчиња беше направена од страна на пастор Филип Иванов-Евангелска црква,а новогодишните честитки беа изработени од страна на ученици од ССОУ ” Димитрија Чуповски “. За да биде поголема среќата кај дечињата присуствуваше и Веселиот дедо мраз.

Ви посакуваме Среќни Новогодишни и Божиќни празници


Благодарница од здружението на лица со церебрална парализа и други попречености-Велес

Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености-Велес додели благодарница на ЈЗУ Здравствен дом Велес – Служба за итна медицинска помош и домашно лекување за континуирана соработка во текот на целата година. Им благодариме на признанието остануваме и во иднина отворени за соработка.

Донирани новогодишни пакетчиња

Големината на човекот е да научи да помага онаму каде што е потребно.

Хуманоста се негува од најмали нозе.”

Голема благодарност до Пастор Филип Иванов, за донираните новогодишни пакетчиња, кој и оваа година се заложи за олеснување на работата во Развојното советувалиште.

Исто така, голема благодарност до директорот на ССОУ “Димитрија Чуповски”-Велес, за инаицијативата на професорите и средношколската заедница , што овозможија донација на едукативен материјал за работа со дечиња кои посетуваат редовни третмани во Развојното советувалиште.

Жито маркети, исто така и оваа година, повторно ги израдуваа дечињата со новогодишни пакетчиња.

Среќни празници!

1 2 3