Eвропска недела на имунизација

Секоја година на крајот на април се одбележува Европската недела на имунизација, за да се потсетиме дека вакцините делуваат, спасуваат животи, ги штитат сите генерации и се бенефит за целото општесто. Токму затоа овогодишното мото на Европската недела на имунизација, која се одбележува од 19 до 25 април, е „Вакцините делуваат – за секоја генерација“. По тој повод мобилните екипи на ЈЗУ Здравствен дом Велес излегоа на терен и преку директен контакт со родителите, наставниците, децата ја промовираа вакцинацијата како сигурен и безбеден начин на превенција од заразни болести. Едукативни разговори, делење на промотивен материјал, пронаоѓање на досега неевидентирани во системот деца и нивна вакцинација – се дел од активностите, кои се реализираат од превентивните служби на установата. Оваа година акцентот е поставен на теренските активности како во градот, така и на подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско.

Упатуваме повик до сите родители, кои се двоумат, се плашат, не знаат како правилно да постапат во врска со имунизацијата на своите деца, да ги посетат превентивните служби на ЈЗУ Здравствен дом-Велес каде ќе најдат одговори на сите прашања!