Пуштена во употреба реновираната зграда на здравствениот дом

 

На 21 Февруари во присуство на Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот Аце Коцевски беше пуштена во употреба реновираната зграда на здравствениот дом во Велес. Зградата е реновирана со сопствени средства , со заедничка посветеност во работењето до успех.

Благодарност и до нашите пријатели од Ротари клуб Велес за донираниот медицински мебел

Веселиот Дедо Мраз и новогодишните пакетчиња

 

По повод Новогодишните празници, на ден 26.12 (четврток), се доделуваа новогодишни пакетчиња на дечињата што посетуваат редовни дефектолошки,  логопедски и психолошки третмани при Развојното советувалиште во ЈЗУ Здравствен дом .

Пакетчињата беа донација од Жито Маркети – Велес. Благодарение на нивната дарежливост, успеавме да израдуваме и развеселиме вкупно 50 дечиња. Празничната атмосфера беше збогатена со присуството на Веселиот Дедо Мраз, од кого дечињата ги примија новогодишните подароци, со желби за успешна и среќна Нова година.