Служба за превентивна здравствена заштита за предучилишни деца

СЕКОЕ  ДЕТЕ ИМА ПРАВО ДА БИДЕ  ВАКЦИНИРАНО    

Службата за здравствена заштита на деца од предучилишна возраст спроведува активности во доменот на превентивната здравствена заштита  кои се усмерени кон:

-Подобрување на здравствената состојба и заштитата на децата од предучилишна возраст,

– Намалување на бројот на заболени и тенденција за ерадикација на болестите против кои се врши вакцинирање,

– Набавка, транспорт и складирање на вакцините,

-Организацијата на превентивната здравствена заштита на деца од предучилишна возраст,

– Спроведување на задолжителната имунизација,

– Соработка со други служби и институции.

По добивањето информација за секое раѓање, секое новороденче веднаш го посетува патронажна сестра и во превентивната служба се отвара картон во кој се планира имунзацијата и советодавните активности.

Повикувањето на децата за вакцина задолжително се врши со доставување на покана во која се наведени видот на вакцината, местото и времето на вакцинирање.

Се вакцинира континуирано секој работен ден според претходно направениот месечен план.

Вакцинацијата се врши во просториите на службата, пунктовите на село, а по потреба и на терен.

Секое дете пред вакцинирањето мора да биде прегледано од доктор, а вакцината ја аплицира медицинската сестра.

Секој родител задолжително се информира за придобивките од вакцината.

Се води една централна картотека за сите деца (град и села) во која:

-Секое дете има свој здравствен картон во кој се содржани податоци за неговата здравствена состојба, се нотираат систематските прегледи и се запишуваат сите примени вакцини со точно запишана дата на вакцинирање,

-За секое дете се води посебен картон за имунизација во кој се планира најраниот датум за имунизација, реализираните датуми на вакцинирањето и серијата на секоја дадена вакцина,

-Се води регистар за сите родени деца и извршената имунизација (со осебно издвоен регистар на деца родени со ризик и оштетувања) одделно за градот и секое село.

 

 

Патронажна дејност

Патронажната дејност е дејност на активен здравствен и социјален третман на поединец или семејство во домот или во рамките на локалната заедница. Поливалентна патронажна дејност опфаќа услуги од превентивен карактер и здравствена нега и го опфаќа целото семејство преку посети на патронажната сестра во домот во соработка со здравствени и други установи на своето подрачје.

Патронажната дејност се  реализира на терен со посета на семејствата од страна на медицинска сестра, чија работна задача е советодавна дејност во делот на исхрана, нега, хигиенски навики и медицински интервенции кои можат да се изведуваат без присуство на доктор. Заради активна здравствена заштита на целото семејство, а особено на жените и децата со кои ќе се подобри квалитетот на живеење, преку патронажната дејност ќе се овозможи:

-Намалување на стапката на смртност на доенчињата;

-Едукација на мајките за основна нега на новороденчето и доенчето;

-Рано пронаоѓање на деца родени со ризик на терен преку медицинската документција, евиденција и обезбедување почести посети;

-Едукација на родители на деца со пречки во развојот за грижа и социјализација на децата;

-Намалување на перинаталната смртност;

-Намалување на морбидитетот од акутни респираторни и дијареални заболувања во детската возраст;

-Едукација заради рационализација на антибиотска терапија во детската возраст;

-Превенција на болести на зависност и сексуално трансмисиони заболувања особено кај женската и адолесцентната популација;

-Подигање на нивото на информираност на семејствата за здравјето и здравиот начин на живеење;

-Едукација на жените во репродуктивниот период за сеопфатно користење на расположивите здравствени капацитети за контрацепција и планирање на семејството и рана детекција на малигните заболувања на гениталните органи;

-Унапредување на здравствената заштита на жените во текот на бременоста, породувањето и лактацијата и обезбедување на услови за безбедно мајчинство;

-Унапредување на интерсекторската соработка со државни и меѓународни институции кои се вклучени во унапредување на здравјето на мајките и децата.

Служба за превентивна здравствена заштита за деца на училишна возраст

-Вршење систематски  преглед на ученици од страна на  превентивните тимови,

-Едукација на учениците, наставниот кадар, родители/старатели преку предавања и работа во мали и поголеми групи,

-Следење на  физичкиот и психофизичкиот развој,

-Рана  детекција на здравствените проблеми и навремен третман,

-Рано препознавање  на ризични видови на однесувања,

-Едукација за усвојување на  здрави животни  стилови,

-Земање податоци за употреба и злоупотреба  на супстанци (пушење, алкохол,  таблети, дрога),

-Земање податоци во врска со пубертетот кај двата пола,

-Земање податоци за  рано откривање на  знаци на депресија и  други пореметувања на  менталното здравје,

-Земање податоци за  постоење  на насилно однесување (булинг),

-Задолжителна имунизација на школски деца согласно календарот и Програмата за имунизација,

-Преземање мерки и активности за што поголем опфат кај тешко  достапните популации во рурални средини, лица кои  често го менуваат своето место на живеење и престојување, преку активности за изнаоѓање на неевидентирани, невакцинирани или некомплетно евидентирани лица и нивна вакцинација,

-Водење на евиденција за извршени сиситемастки прегледи на училишни деца,

-Водење евиденција за  вакцинирани и ревакцинирани  деца и преземање на мерки за комплетирање на нивниот  вакцинален статус.

 

Служба за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 годишна возраст

-Дијагностика на ризикот од појава на кариес и парадонтопатија,

-Рано откривање на болестите на устата и забите,

-Откривање на деформитети и неправилности во развојот на забите и вилиците кај децата до 14 години,

-Контрола и  евиденција на сосотојбата на забалото (млечни, трајни заби, кариес, екстракција и пломба индекс),

-Задолжителен преглед на сите ученици во основното и средно образование,

-Редовно следење на здравствената состојба на устата и забите преку спроведување на систематстки прегледи согласно Националната стратегија за превенција на оралните заболувања и  Програмата  на Владата,

-Евиденција на констатираната состојба во здравствен картон и евидентна книга,

-Едукација на учениците за усвојување на здрави животни стилови, рана детекција на здравствените проблеми и упатување  на навремен третман.

Рентген дијагностика за заби

-Спроведување во целост на рентгенографско снимање на заби,

-Задолжително спроведување на мерки за заштита од јонизирачко зрачење,

-Опременост

  • панорамски рентген уред
  • дентален рентген уред

Служба за медицина на труд

 

-Извршување превентивни здравствени прегледи на работници: претходни прегледи пред вработување, периодични, насочени, контролни и вонредни здравствени прегледи, како и систематски прегледи на работниците,

 

-Вршење превенција, откривање, дијагностицирање, лекување, следење и пријавување професионални болести и болести во врска со работата, спречување на несреќи и повреди при работа и дава предлог мерки за превенција и здравствена заштита на работниците, оценка на работната способност и промена на работното место и предлага мерки за рехабилитација на работниците со посебни услови за работа,

-Учество во проценка на ризик на работни места, спроведува активности во рамките на промоција на здравје на работното место, организира превентивно едукативни предавања на работниците,

-Оценка на привремена спреченост на работа и оценка не работната способност при претходна постапка за упатување на ИПК и организира потребни функционални иследувања,

-Специјалистичко-консултативни прегледи и дијагностичко-терапевтски постапки, како и здравствени услуги на корисниците,

-Издавање лекарски уверенија за вработувања, поседување и носење оружје, за возачи, за општа здравствена состојба.

Примарна здравствена заштита на осудените и притворените лица

-Укажување на здравствена заштита на осудените и притворените лица.

-Вршење лекарски прегледи, советувања и други видови на здравствени услуги со цел за утврдување, проверување и следење на здравствената состојба на осудените и притворените лица

Биохемиско-лабораториска дејност

-Вршење основни биохемиски испитувања на осигурените лица на територија на Општина Велес,со цел за следење на општата здравствена состојба на осигурените лица,

-Согласно програмата за систематски преглед на децата од предучилишна и училишна возраст вршење биохемиски анализи и на тој начин следење на здравствената состоја на децата.

Што треба да знаеме за земање на крв и како да се припремиме

1. Денот пред доаѓање во лабораторија конзумирајте полесна храна најкасно до 19 часот

2. Наутро пред доаѓање во лабораторија не конзумирајте ни храна ни пијалоци, освен вода, и по можност изоставете го тутунот

3. 48 часа пред земање на крв избегнувајте интензивна физичка активноста, и не конзумирајте алкохол

4. Доколку имате било каква хронична терапија, утринската доза земете ја после земањето на крв

5. Доколку сте под терапија со препарати на база на железо или мултивитамински препарати обогатени со железо, контрола на железо во серум можете да правите најрано една недела до 10 дена по престанокот со терапијата

6. Доколку носите дете за земање крв, со зборови прилагодени на неговата возраст, објаснете му што го очекува во лабораторијата

7. После земање на крв, извесно време држете ја раката испружено и притиснете на местото на убодот, како не би дошло до појава на хематом

Служба за следење на деца со ризик и деца со пречки за развој

Службата за следење на децата родени со ризик и пречки во развојот работи во рамките на Здравствениот дом Велес како посебно издвоена служба со стручен кадар за давање на здравствени услуги од областа на здравствена заштита на децата родени со ризик, децата со пречки во развојот, проблеми со говорот и пореметување во вербалната комуникација.

Активностите на службата  се усмерени кон:

-Рана детекција на децата родени со ризик и оштетувања, нивно следење и евентуално благовремено упатување на рехабилитација,

-Регистрирање и следење на деца со пречки во раниот развој,

-Стимулативен третман (рана стимулација) на децата кои покажуваат пречки во развојот и пореметување во говорот и вербалната комуникација,

-Намалување на бројот на можни компликации како последица од ризикот при раѓањето или надворешните влијанија,

-Предучилишни, училишни деца, адолесценти со промени во однесувањето, неуротични реакции, пореметување во навиките и неуспешни во училиштето.

Децата родени со ризик треба да се регистрираат во Службата за следење на деца родени со ризик и пречки во развојот со навршување на 1 месечна возраст.

Службата води посебна евиденција на децата родени со ризик и oштетување, деца со пречки во развојот, пореметување во говорот и вербалната комуникација.

Се води една централна картотека за сите деца (град и село) во која:

-Се води регистар на деца родени со ризик и оштетувања одделно за градот и секое село,

-Секое дете има свој здравствен картон во кој се содржани податоци за неговата здравствена состојба,

-Се изработува тримесечен, шестмесечен и годишен извештај и се доставува до надлежните институции,

-Сите податоци задолжително се обработуваат во електронска форма и мораат да бидат достапни за статистичка обработка.

Соработува со институциите од примарна, секундарна, терцијарна здравствена заштита, образовните институции и со ЦСР Велес.

Служба за итна медицинска помош и домашно лекување и примарна здравствена заштита во рурални средини (села)

-Пружање на дијагностичко-терапевтски постапки кои се неопходни за отстранување на непосредна опасност за животот и здравјето на осигурените лица,

-Спроведува домашно лекување во случај кога не е неопходно болничко лекување на неподвижни или слабо подвижни болни, хронична болест во фаза на влошување или компликации, по сложени оперативни зафати кои бараат превивање и нега на раната и кај болни во термална фаза на болеста,

-Превоз со санитетско возило во случај кога не се работи за итен случај кога болниот односно повредениот поради неподвижност или ограничена подвижност не може да користи превоз со јавен сообраќај,

-Присуство  со  возило и  медицински тим на јавни манифестации.