Доделување на спомен плакета и благодарници во 2018 година

По повод 9-ти Ноември денот на Општина Велес, Советот на Општина Велес  додели спомен – плакета на Службата за ПЗЗ на предучилишни и училишни деца за врвни достигнувања во службата за имунизација и лидерство во вакцинацијата во Република Македонија.

По повод 14 Ноември  – Светски ден на Дијабетесот Здружение на лица со дијабетес “Шеќерче – Lollipop” Велес додели Благодарница за поддршка  во борбата со Дијабетесот на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

ПОУ со ученички дом “Маца Ѓ.Овчарова Велес” доделува Благодарница на ЈЗУ Здравствен дом Велес за особен придонес за развој на ПОУ со ученички дом “Маца Ѓ. Овчарова” Велес.

Здружението на медицински сестри – техничари и акушерки на Република Македонија ,Општинско здружение Велес по повод меѓународниот ден на сестринството 12ти Мај и акушерките 5ти Мај доделува Благодарница на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Мото клуб МОТО ВЕЛЕС доделува Благодарница на ЈЗУ Здравствен дом Велес за учество  ENDURO VELES 2018.