Реконструиран покривот на Здравствен дом во Велес, со средства на јавната установа

Како вработените така и пациентите кои имаат административни потреби веќе нема да имаат проблеми при посетата на Здравствениот дом во Велес, кога врне дожд или во зима со снег. Јавната здравствена установа го смени покривот од стари и дотраени азбесно цементни табли, околу седумдесетина години. Освен ризикот по здравјето исто така решен е сериозен проблем со прокиснувањето на објектот бидејќи опасните канцерогени материјали од кои беа направени старите се заменивме со нови табли, изработени од еколошки материјали.

Покривот на Здравствен дом во текот на реконструкцијата

– Покривот со површина од близу 1.000 м2 целосно го реконструиравме со поставување на материјали кои обезбедуваат водонепропустливост, систем за одводнување, топлинска и звучна изолација. Најзначајно е тоа што е направен од градежни материјали кои не се од азбест и не го загрозуваат здравјето на вработените и на пациентите, рече Никола Димовски, директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Освен на главната зграда сменет со нови керамиди е и објектот гаражи. Инвестицијата чини 6 милиони денари или вкупно 100.000 евра.

-Продолживме со добрата практика на издвојување на финансиски средства од буџетот на Здравствениот дом. Исто како и проектот за реконструкција на зградата кој започна во август 2018 година и тоа со реконструкција на делот во кој е сместена Итната медицинска помош. Продолживме со реновирање на внатрешноста на зградата кога за прв пат поставивме и лифт со цел да го олесниме пристапот во институцијата за користење на потребните здравствени услуги особено за граѓаните со физичка попреченост. Би додал дека со чесен однос кон граѓаните или даночните обврзници и со домаќинско работење може да се направи многу како во подигнувањето на квалитетот на здравствените услуги така и воопшто на животот, додаде Димовски.

Исто така, оваа јавна здравствена институција, преку донации обезбеди возила, дел од новата опрема, медицински предмети, помагала и други реквизити. Двете помали возила за Брза помош преку проект ги обезбеди од јапонска амбасада додека дел од опремата од Ротари клуб Велес и граѓанската организација „Алма“ од Алзас, Република Франција.

Пуштена во употреба реновираната зграда на здравствениот дом

 

На 21 Февруари во присуство на Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот Аце Коцевски беше пуштена во употреба реновираната зграда на здравствениот дом во Велес. Зградата е реновирана со сопствени средства , со заедничка посветеност во работењето до успех.

Благодарност и до нашите пријатели од Ротари клуб Велес за донираниот медицински мебел

Доделување на спомен плакета и благодарници во 2018 година

По повод 9-ти Ноември денот на Општина Велес, Советот на Општина Велес  додели спомен – плакета на Службата за ПЗЗ на предучилишни и училишни деца за врвни достигнувања во службата за имунизација и лидерство во вакцинацијата во Република Македонија.

По повод 14 Ноември  – Светски ден на Дијабетесот Здружение на лица со дијабетес “Шеќерче – Lollipop” Велес додели Благодарница за поддршка  во борбата со Дијабетесот на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

ПОУ со ученички дом “Маца Ѓ.Овчарова Велес” доделува Благодарница на ЈЗУ Здравствен дом Велес за особен придонес за развој на ПОУ со ученички дом “Маца Ѓ. Овчарова” Велес.

Здружението на медицински сестри – техничари и акушерки на Република Македонија ,Општинско здружение Велес по повод меѓународниот ден на сестринството 12ти Мај и акушерките 5ти Мај доделува Благодарница на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Мото клуб МОТО ВЕЛЕС доделува Благодарница на ЈЗУ Здравствен дом Велес за учество  ENDURO VELES 2018.

Прослава по Повод 07 Април 2019, Ден на Здравството

       По повод денот на Здравјето 07 Април 2019 ,здравствениот дом одржа акција за бесплатни прегледи на граѓани.

На пензионерите    oд ЈЗУ Здравствен дом Велес,  Директорот Николче Димовски им врачи  поклон, скромно обележје за долгогодишната хумана и совесна работа  во здравствениот дом.

 

По повод денот на Здравјето 07 Април 2018 ,на пензионерите    oд ЈЗУ Здравствен дом Велес,  Директорот Николче Димовски им врачи  поклон, скромно обележје за долгогодишната хумана и совесна работа  во здравствениот дом.

Read more

ЗАКУПЦИ на делови од здравствениот дом согласно Законот за здравствена заштита

ПЗУ-Ординација по гинекологија и акушерство Д-Р СОЊА ДИМОВА

ПЗУ ординација по општа медицина Д-Р КРИСТИНА КАМЧЕВА Велес

ПЗУ ординација по општа медицина Д-Р АНГЕЛИНА Велес

ПЗУ ординација по општа медицина ПРИМА МЕДИКА Велес

ПЗУ ординација по општа медицина Д-Р ПАУЛА МЕДАРОВА Велес

ПЗУ ординација по општа медицина ФАМИЛИИ Велес

ПЗУ ординација по општа медицина САНА ВИТА Велес

ПЗУ ординација по општа медицина ДР.НАДИЦА ЦИЛАКОВА Велес

ПЗУ ординација по општа медицина Д-Р АНИТА КАТРАНЏИЕВА Велес

ПЗУ ординација по општа медицина Д-Р ЧАУШЕВСКА и Д-Р КИЧУКОВ Градско

ПЗУ ординација по општа медицина НЕРАМЕДИКА с.Горно Оризари Велес

ПЗУ ординација по општа медицина ВИС МЕДИКА Чашка

ПЗУ ординација по општа медицина ФИЛИЗ Горно Јаболчиште Чашка

ПЗУ ординација по педијатрија Д-Р ЛИЛЈАНА ХРИСТОВА Велес

ПЗУ ординација по општа стоматологија ЕМАИЛ Велес

ПЗУ ординација по општа стоматологија  НОВА НАСЕЛБА Велес

ПЗУ ординација по општа стоматологија ДЕНТО НОВА Велес

ПЗУ ординација по општа стоматологија Д-Р ПЕТРОВ Велес

ПЗУ ординација по општа стоматологија ШТЕФ ДЕНТ Велес

ПЗУ ординација по општа стоматологија Др.ПЕТРОВ Велес

ПЗУ ординација по општа стоматологија Др КОЛЕ СИМОВ Градско

ПЗУ ординација по општа стоматологија Д-Р ИГОР ЏАНЕВСКИ Велес

ПЗУ Ординација по општа стоматологија Д-Р КИМОВ Велес

ПЗУ Поликлиника од примарна здравствена заштита МЕДИКО-АБ

ПЗУ заботехничка лабораторија ДЕНТАЛ АРТ Велес

ПЗУ специјалистичка ординација по ортодонција НОВА НАСЕЛБА Велес

ПЗУ специјалистичка ординација по ортодонција Д-Р ЖАНЕТА САРАГИНОВА И Д-Р АНИТА ПЕРКОВА Велес

ПЗУ специјалистичка ординација по стоматологија протетика Д-Р ПЕТАР ЗАФИРОВ Велес

ПЗУ специјалистичка ординација по стоматологија протетика ПРОТЕТИКА ДВА Велес

ПЗУ заботехничка лабораторија ЗАБНА ТЕХНИКА-УРЕД Велес

ПРЕЗЕНТАЦИИ – ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕЛЕС

  1. Василка Пановска 2015
  2. Јадранка Мишкова и Славица Нешова Пановски 2015
  3. Кевица Шопова Клифова 2015
  4. Лидија Проданова 2015
  5. Милка Панова 2015
  6. Милка Панова 2015
  7. Милка Панова 2015
  8. Сашка Димчевска 2015
  9. Славица Нешова Пановски 2015
  10. Слободка Ристовска 2015
  11. Слободка Ристовска 2015
  12. Василка Пановска 2016
  13. Лидија Проданова 2016
  14. Светлана Црнушева 2016
  15. Славица Ордевска 2016

Календар на имунизација

КАЛЕНДАР ЗА ИМУНИЗАЦИЈА ВО 2019

 

Возраст на лица што подлежат на задолжителна имунизација ВАКЦИНИ КОМЕНТАР
24 часа од раѓање ¹ Хепатитис  Б Вакцинирање
до 12 месеци ² БЦГ Вакцинирање
2  месеци ³ Ди Те Пер Вакцинирање / шестовалентна или поединечна вакцина
ХиБ
Хепатитис Б
Полио
3,5 месеци 4 Ди Те Пер Вакцинирање / петовалентна или поединична
ХиБ вакцина
Полио
6 месеци 5 Де Те Пер Вакцинирање / шестовалентна или поединечна вакцина
ХиБ
Хепатитис Б Полио
12 месеци 6 МРП Вакцина
18 месеци 7 Ди Те Пер I Ревакцинирање/ петовалентна или поединична вакцина
ХИБ
Полио
6 години 9 МРП Ревакцинирање
7 години ¹º ДиТе-адултна
Полио II Ревакцинирање
12 години ¹¹ ХПВ Вакцинирање
14 години ¹² Ди Те-адултна
ПОЛИО III Ревакцинирање
18 години ¹³ ТТ IV  Ревакцинирање

* Појаснување – возраст во месеци –  (се мисли со наполнети месеци)
–  возраст  во години – (се мисли со наполнети години)

ИНСТРУКЦИИ  –  ПОЈАСНУВАЊЕ

 ¹ Во првите 24 часа од раѓање детето се вакцинира со Хепатитис Б вакцина.

² До крајот на првата година детето се вакцинира  со  БЦГ вакцина без претходно туберкулинско тестирање.

³ Со полни 2 месеци детето се вакцинира  со шестовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, Хеп Б и ИПВ) или со поединечни вакцини.

4 Со полни 3,5 месеци детето се вакцинира со петтовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, и ИПВ) или со поединечни вакцини.

5Со полни 6 месеци  детето се вакцинира  со шестовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, Хеп Б и ИПВ) или со поединечни вакцини.

6 Со полни 12 месеци детето се вакцинира  со МРП вакцина.

7 Со полни 18 месеци детето се вакцинира со петтовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, и ИПВ) или со поединечни вакцини како I ревакцина.

8 Со полни 6 години детето се вакцинира со МРП ревакцина.

9 Со полни 7 години детето се вакцинира со   Ди-Те адултна вакцина  како II ревакцина и со ОПВ како II ревакцина.

10 Со полни 12  години се вакцинираат  само девојчињата со ХПВ вакцина.

 

¹1 Со полни 14 години детето се вакцинира  со  Ди-Те адултна  вакцина како III ревакцина и со  ОПВ како III ревакцина.

12Со полни 18 години детето се вакцинира со Тетанус IV ревакцина.

 

1 2