-Вршење систематски преглед на ученици од страна на превентивните тимови,
-Едукација на учениците, наставниот кадар, родители/старатели преку предавања и работа во мали и поголеми групи,
-Следење на физичкиот и психофизичкиот развој,
-Рана детекција на здравствените проблеми и навремен третман,
-Рано препознавање на ризични видови на однесувања,
-Едукација за усвојување на здрави животни стилови,
-Земање податоци за употреба и злоупотреба на супстанци (пушење, алкохол, таблети, дрога),
-Земање податоци во врска со пубертетот кај двата пола,
-Земање податоци за рано откривање на знаци на депресија и други пореметувања на менталното здравје,
-Земање податоци за постоење на насилно однесување (булинг),
-Задолжителна имунизација на школски деца согласно календарот и Програмата за имунизација,
-Преземање мерки и активности за што поголем опфат кај тешко достапните популации во рурални средини, лица кои често го менуваат своето место на живеење и престојување, преку активности за изнаоѓање на неевидентирани, невакцинирани или некомплетно евидентирани лица и нивна вакцинација,
-Водење на евиденција за извршени сиситемастки прегледи на училишни деца,
-Водење евиденција за вакцинирани и ревакцинирани деца и преземање на мерки за комплетирање на нивниот вакцинален статус.