Служба за превентивна здравствена заштита за предучилишни деца

СЕКОЕ  ДЕТЕ ИМА ПРАВО ДА БИДЕ  ВАКЦИНИРАНО    

Службата за здравствена заштита на деца од предучилишна возраст спроведува активности во доменот на превентивната здравствена заштита  кои се усмерени кон:

-Подобрување на здравствената состојба и заштитата на децата од предучилишна возраст,

– Намалување на бројот на заболени и тенденција за ерадикација на болестите против кои се врши вакцинирање,

– Набавка, транспорт и складирање на вакцините,

-Организацијата на превентивната здравствена заштита на деца од предучилишна возраст,

– Спроведување на задолжителната имунизација,

– Соработка со други служби и институции.

По добивањето информација за секое раѓање, секое новороденче веднаш го посетува патронажна сестра и во превентивната служба се отвара картон во кој се планира имунзацијата и советодавните активности.

Повикувањето на децата за вакцина задолжително се врши со доставување на покана во која се наведени видот на вакцината, местото и времето на вакцинирање.

Се вакцинира континуирано секој работен ден според претходно направениот месечен план.

Вакцинацијата се врши во просториите на службата, пунктовите на село, а по потреба и на терен.

Секое дете пред вакцинирањето мора да биде прегледано од доктор, а вакцината ја аплицира медицинската сестра.

Секој родител задолжително се информира за придобивките од вакцината.

Се води една централна картотека за сите деца (град и села) во која:

-Секое дете има свој здравствен картон во кој се содржани податоци за неговата здравствена состојба, се нотираат систематските прегледи и се запишуваат сите примени вакцини со точно запишана дата на вакцинирање,

-За секое дете се води посебен картон за имунизација во кој се планира најраниот датум за имунизација, реализираните датуми на вакцинирањето и серијата на секоја дадена вакцина,

-Се води регистар за сите родени деца и извршената имунизација (со осебно издвоен регистар на деца родени со ризик и оштетувања) одделно за градот и секое село.

 

 

Патронажна дејност

Патронажната дејност е дејност на активен здравствен и социјален третман на поединец или семејство во домот или во рамките на локалната заедница. Поливалентна патронажна дејност опфаќа услуги од превентивен карактер и здравствена нега и го опфаќа целото семејство преку посети на патронажната сестра во домот во соработка со здравствени и други установи на своето подрачје.

Патронажната дејност се  реализира на терен со посета на семејствата од страна на медицинска сестра, чија работна задача е советодавна дејност во делот на исхрана, нега, хигиенски навики и медицински интервенции кои можат да се изведуваат без присуство на доктор. Заради активна здравствена заштита на целото семејство, а особено на жените и децата со кои ќе се подобри квалитетот на живеење, преку патронажната дејност ќе се овозможи:

-Намалување на стапката на смртност на доенчињата;

-Едукација на мајките за основна нега на новороденчето и доенчето;

-Рано пронаоѓање на деца родени со ризик на терен преку медицинската документција, евиденција и обезбедување почести посети;

-Едукација на родители на деца со пречки во развојот за грижа и социјализација на децата;

-Намалување на перинаталната смртност;

-Намалување на морбидитетот од акутни респираторни и дијареални заболувања во детската возраст;

-Едукација заради рационализација на антибиотска терапија во детската возраст;

-Превенција на болести на зависност и сексуално трансмисиони заболувања особено кај женската и адолесцентната популација;

-Подигање на нивото на информираност на семејствата за здравјето и здравиот начин на живеење;

-Едукација на жените во репродуктивниот период за сеопфатно користење на расположивите здравствени капацитети за контрацепција и планирање на семејството и рана детекција на малигните заболувања на гениталните органи;

-Унапредување на здравствената заштита на жените во текот на бременоста, породувањето и лактацијата и обезбедување на услови за безбедно мајчинство;

-Унапредување на интерсекторската соработка со државни и меѓународни институции кои се вклучени во унапредување на здравјето на мајките и децата.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *