Служба за следење на деца со ризик и деца со пречки за развој

Службата за следење на децата родени со ризик и пречки во развојот работи во рамките на Здравствениот дом Велес како посебно издвоена служба со стручен кадар за давање на здравствени услуги од областа на здравствена заштита на децата родени со ризик, децата со пречки во развојот, проблеми со говорот и пореметување во вербалната комуникација.

Активностите на службата  се усмерени кон:

-Рана детекција на децата родени со ризик и оштетувања, нивно следење и евентуално благовремено упатување на рехабилитација,

-Регистрирање и следење на деца со пречки во раниот развој,

-Стимулативен третман (рана стимулација) на децата кои покажуваат пречки во развојот и пореметување во говорот и вербалната комуникација,

-Намалување на бројот на можни компликации како последица од ризикот при раѓањето или надворешните влијанија,

-Предучилишни, училишни деца, адолесценти со промени во однесувањето, неуротични реакции, пореметување во навиките и неуспешни во училиштето.

Децата родени со ризик треба да се регистрираат во Службата за следење на деца родени со ризик и пречки во развојот со навршување на 1 месечна возраст.

Службата води посебна евиденција на децата родени со ризик и oштетување, деца со пречки во развојот, пореметување во говорот и вербалната комуникација.

Се води една централна картотека за сите деца (град и село) во која:

-Се води регистар на деца родени со ризик и оштетувања одделно за градот и секое село,

-Секое дете има свој здравствен картон во кој се содржани податоци за неговата здравствена состојба,

-Се изработува тримесечен, шестмесечен и годишен извештај и се доставува до надлежните институции,

-Сите податоци задолжително се обработуваат во електронска форма и мораат да бидат достапни за статистичка обработка.

Соработува со институциите од примарна, секундарна, терцијарна здравствена заштита, образовните институции и со ЦСР Велес.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *